Министерството за здравство информира дека последниве 24 часа регистрирани се 409 нови случаи на Ковид-19 од 4.751 направени тестирања.
Новите случаи се регистрирани во: Скопје – 218, Прилеп – 37, Битола – 32, Кавадарци – 19, Велес – 18, Македонски Брод – 9, Кичево и Гевгелија – по 8, Куманово и Богданци – по 7, Кочани, Струга и Ресен – по 6, Охрид – 5, Тетово и Штип – по 4, Струмица и Крива Паланка – по 3, Гостивар, Делчево и Валандово – по 2, Неготино, Радовиш и Виница – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 6 починати лица од Скопје (62г, 65г, 73г, 74г, 88г и 90г) и по едно починато лице од Битола (52г), Кавадарци (39г) и Прилеп (63г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавено е едно починато лице со датум на смрт 20.12.2021 година. Регистрираното починато лице е од Охрид (1), на возраст од 80 години. Починато во болнички услови.
Министерството соопшти и дека од 10-те починати, 3 лица се целосно вакцинирани.
Изминатово деноноќие пријавени сe и 289 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, бројот на оздравени пациенти е 211.021, на починати е 7.917, а бројот на активни случаи изнесува 4.801. Досега во Северна Македонија се направени вкупно 1.581.175 тестирања на Ковид-19.