Најстарата личност во светот прослави 119 години

Кане Танака, најстариот човек во светот, го прослави 119-тиот роденден во Јапонија и вели дека е решена својот рекорд да го продолжи за уште една година.

Танака, која има слабост за газирани пијалаци и чоколадо, го прослави роденденот заедно со вработените во домот за стари лица во Фукуока.

Гинисовата книга на рекорди го призна нејзиниот рекорд во март 2019 година, кога таа имаше 116 години. Потоа таа успеа да го собори историскиот рекорд за најстар човек во Јапонија кога наполни 117 години и 261 ден во септември 2020 година. Кога беше прогласена за најстара личност во светот, Танака тоа го прослави со шише Кока-Кола, нејзиниот омилен пијалак.

Родена во 1903, годината кога браќата Рајт го направија првиот лет и кога беше одржан првиот Тур де Франс, Танака живеела низ пет различни кралски власти.

Таа е дел од големата и растечка популација на јапонски стогодишници. Според податоците објавени пред Денот на стари лица во септември, властите споделија дека во земјата има 86.510 луѓе постари од 100 години, што е за шест илјади луѓе повеќе од претходната година.