10 починати и 813 новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 6 лица. Починале 3 лица од Скопје (56г, 74г и 78г) и по едно лице од Тетово (78г), Валандово (58г) и Кичево (78г).

„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 4 лица, 2 починати лица од Тетово (странец) и по едно починато лице од Кичево и Гостивар, починати во период од 27 – 29.12.2021г. Починатите се на возраст од 57 години до 68 години. Од пријавените 2 лица се починати во болнички услови и 2 во домашни услови“, се додава во соопштението на МЗ.

Во последните 24 часа потврдени се 813 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 549 случаи во Скопје, Битола – 49, Куманово – 40, Кавадарци – 25, Охрид – 20, Струмица – 17, Прилеп – 16, Штип – 11, Струга – 10, Гостивар и Велес – по 9, Гевгелија – 7 и 6 во Кочани.

Потоа регистрирани се по 5 случаи на Ковид-19 во Ресен и Виница, Крива Паланка, Радовиш, Делчево и Пробиштип – по 4, Тетово, Кичево, Неготино, Берово и Дебар – по 3, Демир Хисар – 2 и по 1 во Свети Николе и Валандово.

Регистрирани сe 998 оздравени пациенти, односно од Скопје – 498, Прилеп – 105, Битола – 58, Охрид и Струмица – по 38, Велес – 27, Кичево – 22, Кавадарци – 21, Гевгелија и Валандово – по 20, Куманово и Ресен – по 18, Штип – 16, Неготино – 15, Крива Паланка – 11, Радовиш и Делчево – по 10, Свети Николе – 9, Македонски Брод – 8, Тетово и Богданци – по 7, Кочани – 6, Демир Хисар – 4, Гостивар и Крушево – по 3, Струга и Македонска Каменица – по 2 и по 1 од Виница и Берово.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 234.277, бројот на оздравени пациенти е 215.852, на починати е 8.042, а бројот на активни случаи изнесува 10.383“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 1.665.043 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 5.165 тестови.