Агенцијата за заштита на околината „Гринпис“ планира да ја суди унгарската Влада поради контроверзен градежен проект кој е поставен на државен тендер, пренесува „Евроњуз“. Од „Гринпис“ велат дека градежниот проект претставува закана за езерото кое е под заштита на УНЕСКО како светско културно наследство.
Езерото Ферто е езеро кое се протега на австро-унгарската граница.
Минатиот декември туристичката компанија „Сопрон-Ферто“ го повлече оригиналниот тендер за изградна на пристаниште за јахти, како и хотели на езерото. Сепак, по повлекувањето на тендерот, при крај на 2021 година од властите бил објавен нов тенденр, овојпат за уште поголем градежен проект на езерото.
Според новите планови, меѓудругото, се планира изградба на два мотели, центар за посетители, ресторан и два огромни базени за капење.
„Гринпис“ планира да ја тужи унгарската Влада, дополнувајќи дека вториот тендер е попроблематичен и од првиот.
Каталин Родикс од „Гринпис“ објаснува дека причината за легалната битка доаѓа од фактот дека површините што се тендерирани во јавната набавка, се поголеми површини за разлика од првата набавка.
„Дополнително, има нови елементи како зграда со 26 станови за која нема еколошка или градежна дозвола воопшто”, изјавува Родикс.
Унгарските и интернационалните организации за заштита на природата и природното наследство константно се противеле за градежните проекти на езерото.