Полицајци добија отказ зошто бркале покемони наместо крадци

Два полицајци од Лос Анџелес се отпуштени од работните места поради тоа што бркале покемони наместо крадци, покажуваат судски документи.

Двајцата биле паркирани во близина кога добиле радио повик за интервенција при грабеж на продавница. Но, камерите во нивното полициско возило покажале дека наместо да пружат поддршка на нивните колеги тие ја играле популарната игра „Покемон Гоу“, и го ловеле покемонот „Снорлакс“ кој се наоѓал во близина, што е релативно редок примерок во играта.

„Откако го игнорирале радио-повикот за поддршка, во следните 20 минути видео-снимката покажува како жалителите дискутираат за „Покемон“ додека возат на различни локации каде виртуелните суштества очигледно се појавувале на нивните мобилни телефони“, пишува во документот.

Нивната жалба, која била одбиена, биле откриена од новинари во Аксиос, кои споделија повеќе детали за случајот.

„Покемон Гоу“ е видео-игра со виртуелна реалност во која корисниците, преку ГПС локација на нивните телефони се обидуваат да фатат што повеќе покемони кои им се појавуваат на мапата која тие треба да ја следат во реалниот свет.