Од Чист Охрид известуваат дека во денешната еколошка акција, од крајбрежјето кај Далјан, собрани се над 50 вреќи отпад.
Во акцијата за расчистување учествувале дваесеттина активисти.
„Во организација на Чист Охрид и „Не Биди Ѓубре“, а заедно со Енхелеус и останати граѓани на крајбрежјето кај плажите Партизан и Мизо собравме најразличен отпад, од цврст отпад, па сè до пластика“, известуваат од „Чист Охрид“.