Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 12 лица. Починале 4 лица од Скопје (63г, 65г, 80г и 81г), 2 лица од Битола (80г и 82г) и по едно лице од Охрид (58г), Гевгелија (72г), Кавадарци (67г), Крива Паланка (74г), Кочани (48г) и Демир Хисар (82г).
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар и Дебар, починати во период од 03.01 – 11.01.2022г. Починатите се на возраст од 62 години до 75 години. Сите пријавени лица се починати во домашни услови“, се вели во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа потврдени се 766 нови случаи на Ковид-19. Регистриран е 521 случај во Скопје, Битола – 33, Куманово – 32, Струмица – 23, Кавадарци – 20, Прилеп – 19, Штип – 17, Охрид – 16, Струга и Гевгелија – по 9, Кичево и Ресен – по 8, Велес – 7, Гостивар – 6, Тетово – 5 и по 4 случаи во Свети Николе, Пробиштип, Валандово и Кратово.
Потоа, регистрирани се по 3 случаи на Ковид-19 во Неготино и Крива Паланка, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2 и по 1 во Делчево, Дебар, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица. Од вкупниот број позитивни – 766, регистрирани се 86 реинфекции.
Регистрирани сe 486 оздравени пациенти, односно од Скопје – 339, Битола – 26, Прилеп – 23, Кавадарци – 18, Тетово – 14, Штип – 11, Куманово, Гевгелија и Крива Паланка – по 8, Струмица и Велес – по 6, Кичево – 4, Валандово и Радовиш – по 3, Неготино – 2 и по 1 од Охрид, Ресен, Гостивар, Свети Николе, Богданци, Кочани и Виница.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 245.398, бројот на оздравени пациенти е 220.886, на починати е 8.115, а бројот на активни случаи изнесува 16.397“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.710.444 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.748 тестови.