Грција ги казнува невакцинираните возрасни лица со парични казни секој месец

Грција наметна законска мерка за вакцинација за Ковид-19 за постари лица од 60 години, бидејќи опфатот со вакцинација во земјата останува под просекот на Европската Унија, додека неодамнешниот скок на инфекции прави притисок врз болниците, јавува „Ал Џазира“.

Па така, постарите лица кои нема да се вакцинираат ќе се соочат со казни, почнувајќи од 50 евра во јануари, а потоа и со месечни казни од 100 евра.

Околу две третини од населението во Грција моментално е целосно вакцинирано, а просекот во ЕУ е нешто повеќе од 70 отсто. Стапката на смртност и дневните хоспитализации се зголеми по неодамнешното ширење на варијантата Омикрон.

Министерот за здравство Танос Плеврис рече дека казните ќе бидат наплатени преку даночната служба, а парите ќе се искористат за помош на државните болници.

„Факторот возраст е важен поради неговото влијание врз јавните здравствени услуги“, изјави Плеврис претходно.

Законска мерка за вакцинација беше наметната и за здравствените работници минатата година. Почнувајќи од 1 февруари пак, сертификатите за вакцинација за возрасните лица ќе истечат по седум месеци, освен ако носителот не прими бустер доза.

Грција е седма земја во светот која има најстара популација.