39 романи оваа година се пријавиле за наградата „Роман на годината“ која ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Ова го констатираше жири комисијата во состав: Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата).
Жири-комисијата е должна да го соопшти добитникот на наградата најдоцна до 15 март оваа година. Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 23-ти пат и се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.
Во продолжение погледнете ги сите 39 романи кои ќе се натпреваруваат за оваа награда:
- „Сантос блуз“, Ненад Алексовски, „Арс Либрис“
- „Опасна игра“, Мери Арсова, „Арс Либрис“
- „Вистинска илузија во лажен свет“, Ангела Бош, „Ѓурѓа“
- „Искра во мракот“, Е.Н.Веровска, „Муза“
- „Се викам Лена“, Јагода Глигоровска, „Попули“
- „Отпадот од духовните контејнери“, Јован Дамјановски, Тетово: „Напредок“
- „Убиствата на пеперутката“, Теодора Ристеска Даскаловски, „Антолог“
- 8. „Втората месечина“, Владо Димовски, „Арс Либрис“
- „Сигурен ризик“ , Анде Јанков, „Антолог“
- „Најосаменото место“, Симеон Јанков, „Или Или“
- „Денот на црвот“, Симона Јованоска, „Или Или“
- „Атласот на тајните“, Дејан Крстески,-Гостивар: Д.Крстески
- „Уништување“, Моџо Килингтон, „Арс Либрис“
- „Тегли“, Јордан Коцевски, „ПНВ Публикации“
- „Афера во музејот на пари“, Сашо Кузмановски, „Арс Либрис“
- „Црната круна“, Илија Магденоски, „Антолог“
- „Анатомија на бумбарот“, Стефан Марковски, „Паблишер“
- „Лулу“, Јана Мишо, „Арс Либрис“
- „Ловци на лажни вести од зграда 39“, Огнен Неделковски, Детски културен центар „Карпош“, Скопје
- „Врисок за избор“, Јадранка Павлек.-Св.Николе:Ј.Димитриева
- „Велиново“, Димче Парталоски, „Топер“
- „Осамата на Мона Н.“, Загорка Поп-Антоска Андова, Центар за образование, култура и уметност „Данаил Станојески“
- „Старчето“, Ѓорѓи Прчков, „Графо Пром“
- „Патлачето“, Ѓорѓи Прчков, „Графо Пром“
- „Сенки во подземјето“, Марија Ралповска, „Арс Либрис“
- „Музеј на детството“, Алма Растодер, „Арс Либрис“
- „Албино трип“, Александар Русјаков, „Арс Либрис“
- „Трамонтана“, Наташа Сарџоска, „Три“
- „Брезите што шумеа крај Темза“, Катерина Серафимовска, „Арс Либрис“
- „Плетачката на тантели“, Билјана Станковска, „Феникс“
- „Баба“, Луан Старова, „Паблишер“
- „Теорија за кучешката година“, Милован Стефановски, „Матица Македонска“
- „Лебед“, Ана Стојаноска, „Полица“
- „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“, Давор Стојановски, „Или Или“
- „Храмот на натписите“, Петар Стојановски, „Арс Либрис“
- „Деса“, Ивана Трајаноска, „Арс Либрис“
- „Еден сив мартовски ден“, Тања Урошевиќ, „Или Или“
- „Веќе не сум истиот“, Војо Цветановски, „Арс Либрис“
- „Ден за одмазда“, Ивица Челиковиќ, „Паблишер“