Љубителите на пиво синоќа уживаа на официјално, последниот ден од Пиволенд, но за нивно изненадување и денеска продолжува забавата. На страната на Пиволенд се објавени денешните артисти кои ќе настапат вечерва на Скопското Кале. Меѓу нив и Паркети и Ареа.
Времето вчера беше во прилог на публиката, но неделната вечер не го наполни Пиволенд како и вечерта предходно. Ѕвезди беа Електрични Оргазам кои ја забавуваа главно повозрасната публика и ја разубавија вечерта со нивните хитови ,, Игра рокренрол цела Југославија” , ,,Бејбе ти ниси ту” и ,,Небо”.
По половина час пауза, полека празнејќи се, на Пиволенд остана верните фанови на Кантурови, чии разиграни звуци создадоа поинаква димензија на фестивалот. Во цел состав, каде најмладиот член има 10 години, умешно ја пренесоа магијата на нивната музика.
Паралелно на диџеј стејџот помладите генерации танцуваа на електронската музика пренесена од Johan Philantropy и Leo Tengri, кои продолжија до раните утрински часови.
Сара Миленковска