Меѓународната организација „Амнести интернешнл“ за Меѓународниот ден на образованието ја објави онлајн мобилната игра „Rights Arcade“ за човекови права која има за цел да ја едуцира следната генерација бранители на човековите права за правата како што се слобода на изразување и слобода на мирен собир.
Таа е дизајнирана да го зајакне движењето за човекови права преку едукација. Игрите ќе го зајакнат знаењето на играчите за човековите права и ќе ги охрабрат луѓето да преземат акција за прашањата поврзани со човековите права, наведуваат од „Амнести интернешнл“.
Една од клучните карактеристики на играта е пристапот со сопствено темпо што им овозможува на играчите да учат, размислуваат и преземаат акција со свое темпо додека се движат низ приказните на играта.
„Младите луѓе се клучни во поставувањето на агендата за човекови права. Достигнувањето до нив во местата во кои живеат, или во кои редовно се вклучени е клучно за да им се овозможи на новите генерации активисти да се поттикнат да се борат и да ги заштитат човековите права – сега и во иднина“, наведуваат од организацијата.
Играчите почнуваат со искуствата на тројца реални луѓе, Ахмед Кабир Кишор, карикатурист неправедно обвинет според Законот за дигитална безбедност во Бангладеш, Џанг Жан, граѓански новинар осуден на четири години затвор за известување за коронавирусот во Кина и Панусаја Ситиџираватанакул, студентски активист кој се соочува со повеќе од 25 обвиненија за протести во Тајланд.
Приказните на играта кои се измислени искуства инспирирани од настани во реалниот свет се водени од изборот на играчот. Играта е достапна за Андроид и иОС.