Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починало 21 лице. Починале 10 лица од Скопје (51г, 68г, 73г, 76г, 78г, 78г, 78г, 86г, 91г и 95г), по 2 лица од Тетово (66г и 79г), Велес (74г и 83г) и по едно лице од Гевгелија (82г), Кавадарци (52г), Крива Паланка (74г), Куманово (81г), Македонска Каменица (88г), Охрид (74г) и Струмица (57г).
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице, од Штип (83г), со датум на смрт на 19.01.2022г. во болнички услови. Дополнително од страна на ОБ Гевгелија пријавени се 4 лица (по две лица од Дојран и Гевгелија). Починатите лица се на возраст од 74 – 91г. Починати во претходните две недели. Сите се починати во болнички услови. Од вкупниот број на починати лица (n=26), осум лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети“, се вели во соопштението на МЗ.
Во последните 24 часа потврден е 2.341 нов случај на Ковид-19. Регистрирани се 1.146 случаи во Скопје, Битола – 185, Кавадарци – 115, Куманово – 101, Велес – 92, Тетово – 74, Прилеп – 72, Гевгелија – 65, Гостивар – 49, Кичево – 45, Охрид и Неготино – по 43, Валандово – 31, Радовиш – 29, Ресен – 28 и 27 во Кочани.
Потоа, регистрирани се по 25 случаи на Ковид-19 во Струмица и Струга, Штип – 20, Делчево – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Виница – 10, Крива Паланка, Берово и Демир Капија – по 9, Демир Хисар – 8, Кратово и Пехчево – по 6, Македонски Брод и Македонска Камница – по 5, Крушево – 4, Пробиштип – 3 и по 2 случаи во Дебар и Дојран.
Од вкупниот број позитивни – 2.341, регистрирани се 308 реинфекции.
Регистрирани сe 1.470 оздравени пациенти, односно од Скопје – 768, Битола – 115, Прилеп – 98, Куманово – 82, Струмица – 55, Велес – 40, Тетово – 34, Кавадарци – 33, Гостивар – 27, Штип и Крива Паланка – по 26, Кичево – 22, Кочани – 20, Свети Николе – 18, Неготино – 15, Гевгелија и Ресен – по 14, Радовиш – 13, Делчево и Крушево – по 10, Пробиштип -6, Виница и Демир Хисар – по 5, Валандово и Богданци – по 4, Кратово и Македонски Брод – по 2 и по 1 од Охрид и Демир Капија.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 259.328, бројот на оздравени пациенти е 230.206, на починати е 8.266, а бројот на активни случаи изнесува 20.856“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.755.926 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 6.193 тестови.