Димитар Апостолов, познат на македонската уметничка сцена под неговиот алијас Zewlean Icarus, утре (27 јануари) ќе ја претстави својата изложба на фотографии „Планина“.
Настанот е конципиран како хибриден евент, кој ќе се одржува преку виртуелен стриминг, како и во живо од тајна локација, а изложбата ќе биде проследена со музички перформанс на великаните на македонската џез музика – бендот „Сетстат“.
Препознатлив по својот оригинален стил, модерна естетика и уникатен уметнички израз, Апостолов, во последниве две децении има четири претходно поставени самостојни изложби зад себе и реализирано учество на повеќе групни изложби.
Апостолов е добитник и на бројни домашни и меѓународни награди, во главно во доменот на уличната фотографија, портретурата, експерименталната и пејсажна фотографија, како и на други жанрови.
Линкот за изложбата ќе биде објавен утре на Фејсбук страницата: https://fb.me/e/1gAMGkSse