ИТ гигантот Google ја купи компанијата Bump Technologies, која развива мобилна апликација преку која се споделуваат податоци преку удар на два смартфони.
Технологијата Bump овозможува размена на контакти, фотографии, видеа и слично и за да го сторат тоа корисниците едноставно треба да ги допрат телефоните и нежно да ги удрат еден од друг. На сличен начин, ќе може и информациите од смартфонот да се пренесуваат на компјутер, пренесуваат порталите кои ја следат информатичката технологија.
Според најавите од Google, апликацијата Bump ќе биде бесплатна за корисниците на Android и iOS, додека 25-члениот тим на програмери на Bump ќе се приклучи кон Google. Финансиските параметри на договорот не се беа објавени, но според проценка на All Things Digital, Google платил меѓу 30 и 60 милиони долари.
Еве како работи Bump: