Маските за лице и Ковид-пропусниците повеќе не се законска обврска во Англија, откако на сила стапи новиот план со кој се релаксираат мерките за борба против пандемијата.
Сепак, дел од продавниците најавија дека ќе продолжат да бараат од луѓето да носат маски во нивните простории. Исто така маски ќе се очекуваат и од луѓето кои го користат јавниот превоз. Сите организации исто така ќе имаат право да изберат дали ќе бараат ковид-пропусници за влез во нивните објекти.
Од Владата додаваат и дека ќе останат препораките за носење маски во затворени места со голем број луѓе, пренесе Би-Би-Си.
Министерот за здравство, Саџид Џавид рече дека мерките може да бидат релаксирани поради успешната масовна вакцинација и подобро разбирање на лекувањето на Ковид-19. Според портпаролот на британскиот премиер, пак, носењето маски сега е оставено на лична одлука.
Англија веќе претходно ги релаксираше другите мерки кои беа воведени за спречување на ширење на Омикрон варијантата од вирусот, како работењето од дома и препорака за маски во средните училишта.
Бројот на случаи на Ковид-19 во Велика Британија последниве денови опаѓа откако имаше силен раст на почетоков на годинава.
Последните податоци покажуваат дека во моментов се
Во земјата повеќе од 37 милиони луѓе примиле трета доза од вакцините против вирусот, што е 64% од вкупното население над 12 години кои можат да бидат имунизирани против Ковид-19.