Австралиските астрономи соопштија дека откриле ротирачки објект кој испушта енергија во прецизни интервали во нашата Галаксија, Млечниот Пат.
Научниците велат дека досега не виделе ваков објект и засега претставува мистерија за што точно станува збор.
Објектот го открил студентот Тајрон О’Доерти, кој работел на својата дипломска работа проучувајќи ги радио брановите.
„Тим кој ги мапираше радио брановите откри нешто необично, што испушта огромни бранови енергија три пати секој час и не е слично со ништо што астрономите досега го имаат забележано“, напишаа на Твитер од Меѓународниот центар за радио астрономија.
#breaking A team mapping radio waves has discovered something unusual that releases a giant burst of energy three times an hour, & it’s unlike anything astronomers have seen before. https://t.co/PSfpzi6oMM @CurtinMedia @CurtinUni @ColourfulCosmos @Nature @PawseyCentre @CSIRO_ATNF pic.twitter.com/uipt9rGgfC
— ICRAR (@ICRAR) January 26, 2022
Откритието било направено со користење на радио-телескоп со ниска фрекфенција. Астрофизичарката Наташа Харли-Вокер, која го предводела тимот кои го истражувале феноменот вели дека објектот се појавувал и исчезнувал во периодот на набљудување.
„Објектот испушта пулс енергија на секои 18,18 минути, точно како часовник“, вели Харли-Вокер. „Ова беше сосема неочекувано. Беше некако морничаво за еден астроном, бидејќи не постои нешто друго на небото кое прави такво нешто“, додава таа.
Според тимот претпоставката засега е дека се работи за Бело Џуџе, остатоците од јадрото на згасната ѕвезда. Објектот се наоѓа на околу 4.000 светлосни години оддалеченост од Земјата и имал неверојатно силно магнетно поле.
Откритието предизвика вистинска полемика во научната заедница, но сега останува дополнителна работа за точно да се сфати за што станува збор.
„Ако ги направите сите математики, ќе дојдете до сознание дека тоа не треба да има доволно сила за да произведува вакви радио бранови секои 20 минути. Тоа едноставно не е можно“, вели Харли-Вокер.
Таа додава дека првично мислеле дека станува збор за сигнал од вонземски живот, но бидејќи сигналот бил набљудуван низ повеќе различни фрекфенции тоа значи дека станува збор за природен процес, а не за вештачки сигнал.
Откритието е објавено во научното списание „Природа“ (Nature).