„Ве известуваме дека во знак на револт кон сообраќајното насилство и начинот на кој се третирани пешаците и сите учесници во сообраќајот, кои се придржуваат до правилата, а со последната трагедија каде што на 20 јануари 2022 згасна млад живот, згасна надежта Викторија да ги оствари своите соништа“.
Вака стои во најавата за протестот „Стоп за сообраќајното насилство“ кој треба да се одржи утре (30 јануари) од 12 до 13 часот на местото на несреќата, раскрсницата на булeварот „Партизанска“ кај „Сити Мол“.
„Ќе се одржи мирен, достоен и јавен собир каде што ќе оддадеме почит кон Викторија Николова како последна жртва во ваквото сообраќајно насилство, а воедно и ќе оддадеме почит кон сите жртви во вакви и слични сообраќајни несреќи“, стои во најавата за протестот.
Организаторот Леонид Димев на социјалните мрежи пишува дека нивната цел е единствена.
„А, тоа е да се стави крај на бeзобзирното возење ни улиците во државата и да ја подигнеме свеста на учесниците во сообраќајот дека нашите деца, а и самите ние треба да се движиме слободно на пешачките зони и по тротоарите, зато што тоа е единственото место каде што пешаците треба да се чувствуваат слободно. Викторија е последната жртва од ваквото дивеење, да не се повтори, да не се дозволи“, пишува организаторот.