Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 23 лица. Починале 6 лица од Скопје (35г, 62г, 64г, 70г, 75г, и 83г), по 3 лица од Битола (71г, 73г и 90г) и Струмица (63г, 78г и 82г), 2 лица од Свети Николе (59г и 62г) и по едно лице од Велес (64г), Виница (67г), Кичево (79г), Кочани (63г), Крива Паланка (80г), Охрид (84г), Прилеп (77г), Струга (86г) и Штип (69г).
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 12 починати лица, Скопје (3), Кавадарци (2), Струга (2), Дебар(1), Свети Николе (1), Радовиш (1), Штип (1) и Велес (1). Починатите се на возраст од 61г до 89г. Од пријавените лица, 11 се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 24.12.2021 -30.01.2022г“, се вели во соопштението на МЗ.
Од вкупниот број починати лица – 35, 13 лица се целосно вакцинирани, а кај 34 лица се регистрирани коморбидитети.
Во последните 24 часа потврдени се 2.000 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 1.096 случаи во Скопје, Битола – 123, Кавадарци – 108, Куманово – 96, Тетово – 75, Прилеп – 60, Велес – 58, Гевгелија – 39, Струмица – 38, Гостивар – 36, Охрид – 30, Струга – 26, Валандово – 25, Неготино – 24, Кичево – 23, Делчево – 20 и по 19 во Ресен и Радовиш.
Потоа, регистрирани се 13 случаи на Ковид-19 во Кочани, Крива Паланка – 12, Штип – 8, Свети Николе и Демир Хисар – по 7, Дебар и Богданци – по 6, Виница и Кратово – по 5, Македонска Каменица – 4, Берово и Демир Капија – по 3, Крушево и Македонски Брод – по 2 и по 1 случај на Ковид-19 во Пробиштип и Пехчево.
Од вкупниот број позитивни – 2.000, регистрирани се 267 реинфекции.
Регистрирани сe 806 оздравени пациенти, односно од Кавадарци – 181, Куманово – 127, Велес – 114, Гевгелија – 83, Неготино – 61, Скопје – 58, Кочани, Штип и Свети Николе – по 27, Богданци – 23, Виница – 16, Радовиш – 14, Делчево – 10, Демир Капија – 9, Берово – 7, Пехчево – 4, Тетово, Струмица, Македонска Каменица и Дојран – по 3, Охрид и Крива Паланка – по 2 и по 1 од Кратово и Пробиштип.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 270.897, бројот на оздравени пациенти е 247.670, на починати е 8.444, а бројот на активни случаи изнесува 14.783“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.794.030 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 5.779 тестови.