„Домот е наш“ – културен настан во студентскиот „Гоце Делчев“

„Домот е наш“ - културен настан околу студентскиот „Гоце Делчев“Во сабота во 20:00 часот ќе се одржи културниот настан „Домот е наш“ кој има за цел да го актуелизира просторот околу студентскиот дом Гоце Делчев. „Платото помеѓу четирите кули е простор создаден за социјализација првенствено за студентите во домот, а зошто да не и за остатокот од градот?“

Според најавите на Фејсбук, денот ќе започне со ЕКО-акција во која ќе се вклучи ПАКОМАК со поставување на канти за селектирано фрлање отпад и „Паркови и зеленило“ кои ќе помогнат во средување на просторот во дворот. Настанот вклучува и хуманитарна акција за семејството Петковски кое го изгуби својот дом.

РАСПОРЕДОТ ЗА КУЛТУРНАТА ПРОГРАМА Е СЛЕДНИОТ:

20.00 Предавање на проф. д-р Георги Константиновски

Поранешен професор на Архитектонски факултет Скопје и архитект чиј најпознат белег во градот е студентскиот дом Гоце Делчев.

21.00 Проекција на краткометражни филмови :

Големиот Петар – Лавинија Софрониевска
На пат кон дома – Дина Дума
Помеѓу – Владимир Митревски Ѓуле
Млади режисери, студенти на ФДУ Скопје.

22.00 Lepi Xhoni VS Krist Krst

„Две семи-урбани особи, кои отсекогаш се залагале за галантно-лефтерна вожња, ќе се обидат да ја разблажат бруталноста на бетонскиот комплекс Гоце Делчев со својата аудиовизуелна експресија“.

Настанот е организиран од Здружението за развој на урбана култура и актуелизација на простор МЕЛЕЕМ – Скопје.