Социјалната мрежа Фејсбук за првпат во нејзината 18-годишна историја забележала пад во дневниот број на активни корисници.
Компанијата Мета, во чија сопственост е Фејсбук, вели дека дневните активни корисници паднале на 1,929 милијарди во последните три месеци од минатата година, споредено со 1,930 милијарди претходниот квартал.
Компанијата исто така предупредува на намален раст на приходите поради конкурентската трка со ривали како ТикТок и Јутјуб, додека огласувачите глобално ги намалуваат трошоците.
Акциите на Мета по овие информации паднале за 20% на берзата во Њујорк, што значи дека компанијата останала без околу 200 милијарди долари од својата пазарна вредност.
Паралелно опаднала и цената на акциите на други социјални мрежи, меѓу кои Твитер, Снеп и Пинтерест.
Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, вели дека растот на компанијата добил удар поради тоа што помладите корисници се одлучуваат за нивните конкуренти.
Мета, која во моментов ја има во сопственост втората најголема дигитална платформа за маркетинг, по Гугл, велат дека по нив удар претставувало и промените во алатките за приватност на Епл оперативните системи.
Тие промени ја отежнале можноста брендовите да таргетираат и да ја мерат својата реклама на Фејсбук и Инстаграм.