Црниот дијамант стар милијарда години, за кој се верува дека најголемиот обликуван дијамант на светот, беше продаден на аукција за 4,3 милиони долари.
Дијамантот наречен „Енигма“ има 555,55 карати и тежи колку една банана.
Од аукциската куќа „Сотеби“ велат дека купувачот користел криптовалута при продажбата.
Претприемачот со криптовалути, Ричард Хард, подоцна на социјалните мрежи потврдил дека тој е човекот кој ја купил „Енигма“. Тој на своите следбеници им порачал дека откако трансакцијата ќе биде успешна, тој ќе го прекрсти дијамантот во HEX.com дијамант, по блокчејн платформата која тој ја има основано.
Постојат повеќе теории за историјата на дијамантот, меѓу нив и една во која се мисли дека тој бил донесен на Земјата од астероид.
Скапоцениот камен е карбонадо (црн дијамант), еден од најтешките форми на природен дијамант.
Карбонадите се исклучително ретки и досега биле откриени само во Бразил и Централноафриканската Република.
Бидејќи тие содржат осборнит, минерал кој се наоѓа само во метеорите, се верува дека потекнуваат од вселената. Но, нивното прецизно потекло не се знае.