„На мојот час не смее да има тажно дете“, вели младиот наставник Васко Гичевски од основното училиште „Славко Лумбарковски“ во битолското село Бач. Во училниците каде некогаш седел и учел, денес тој предава.
Во потрага по рецепт за квалитетно образование, Радио МОФ го посети училиштето во кое пред само половина век имало стотици ученици, а сега едвај има 20-тина.
За животот во Бач и образованието на село, погледнете во новото видео на Радио МОФ.