Македонскиот независен музички издавач „Шарла Рекордс“ го издаде своето 73-то издание „Circus Never Ends“ (Sharla Records Label Sampler 21/22).
Од лабелот објаснуваат дека се работи за веќе традиционална, годишна компилација составена од музика на бендови и артисти кои издаваат за „Шарла“.
„Осум од нив влегоа во овогодишниот избор, меѓу кои и четири нови и досега необјавени нумери кои треба да се најдат на следни изданија. Жанровската и стилска шареноликост која е каракатеристична за овој издавач пресликана е и во ова издание, особено наменето за слушатели со широк музички интерес и потреби“, соопштуваат од „Шарла“.
Компилацијата ја состави Давид Ангелевски, кој го потпиша и омотот, направен врз фотографии на Ивица Јанкуловски.
Circus Never Ends (Sharla Records Label Sampler 21/22) може да се преслуша и преземе од бендкемп профилот на Шарла на следната адреса: https://sharla.bandcamp.com/album/circus-never-ends-sharla-records-label-sampler-21-22