Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 14 лица. Починале 4 лица од Скопје (53г, 64г, 84г и 85г), по две лица од Охрид (75г и 88г), Струга (71г и84г) и Кочани (67г и 79г) и по едно од Делчево (73г), Куманово (74г), Прилеп (70г) и Струмица (62г).
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (2), Тетово (2), Кочани (2), Прилеп (1), Дојран (1), Кавадарци (1), Охрид (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 59 г. до 91г. Лицата за починати се пријавени во период од 30.01. до 12.02.2022. Од починатите лица, 7 се починати во домашни услови, а 4 лица во болнички услови“, се вели во соопштението на МЗ.
Од вкупниот број починати лица, кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.
Во последните 24 часа потврдени се 1.269 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 686 случаи во Скопје, Тетово – 75, Битола – 65, Куманово – 61, Велес – 48, Гостивар – 44, Кавадарци – 33, Прилеп – 32, Кичево – 26, Гевгелија – 25, Охрид и Валандово – по 20, Неготино – 16, Ресен – 12 и по 11 во Струмица и Струга.
Потоа, регистрирани се 9 случаи на Ковид-19 во Дебар, Кочани, Крива Паланка и Богданци – по 8, Штип и Делчево – по 7, Радовиш и Крушево – по 6, Виница – 5, Свети Николе и Кратово – по 4, Берово и Демир Хисар – по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2 и по 1 во Пробиштип и Дојран.
Од вкупниот број позитивни – 1.269, регистрирани се 162 реинфекции.
Регистрирани сe 848 оздравени пациенти, односно од Скопје – 227, Тетово – 78, Куманово – 64, Кавадарци – 58, Битола – 54, Велес – 47, Гевгелија – 35, Прилеп – 32, Гостивар – 30, Неготино и Струмица – по 27, Охрид – 25, Кочани – 23, Штип – 22, Кичево – 13, Струга и Свети Николе – по 12, Ресен – 8, Богданци и Делчево – по 7, Валандово, Крива Паланка и Радовиш – по 6, Дебар, Виница и Кратово – по 4, Демир Капија, Пробиштип и Македонски Брод – по 3 и 1 во Крушево.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 288.750, бројот на оздравени пациенти е 269.862, на починати е 8.793, а бројот на активни случаи изнесува 10.095“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.852.018 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 4.047 тестови.