Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 23 лица. Починале 13 лица од Скопје (69г, 69г,72г, 74г, 78г, 78г, 78г, 82г, 83г, 84г, 85г, 87г и 90г), 3 лица од Велес (53г, 78г и 82г), по две лица од Струга (52г и 62г) и Тетово (69г и 70г) и по едно лице од Гевгелија (44г), Кратово (64г) и Свети Николе (76г).
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 13 починати лица од: Скопје (4), Гевгелија (2), Битола (1), Кочани (1), Штип (1), Струмица (1), Гостивар (1), Кичево (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 61 – 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 01.02. до 04.02.2022. Од починатите лица, 10 се починати во домашни услови, а 3 лица во болнички услови“, се вели во соопштението на МЗ.
Од вкупниот број починати лица – 36, кај 32 лица се регистрирани коморбидитети.
Во последните 24 часа потврден е 1.091 нов случај на Ковид-19. Регистрирани се 586 случаи во Скопје, Битола – 58, Куманово – 52, Тетово – 44, Кавадарци и Велес – по 39, Прилеп и Струмица – по 29, Кичево – 23, Штип и Неготино – по 22, Гостивар и Охрид – по 20, Кочани – 16 и 13 во Гевгелија и Ресен.
Потоа, регистрирани се 11 случаи на Ковид-19 во Струга, Свети Николе – 9, Дебар – 8, Радовиш, Крива Паланка , Берово и Пехчево – по 5, Богданци – 4, Демир Хисар и Демир Капија – по 3, Делчево, Валандово и Македонски Брод – по 2 и по 1 во Виница и Кратово.
Од вкупниот број позитивни – 1.091, регистрирани се 156 реинфекции.
Регистрирани сe 2.322 оздравени пациенти, односно од Скопје – 1.356, Битола – 113, Охрид – 104, Прилеп – 95, Кавадарци – 90, Тетово – 87, Гостивар – 53, Куманово – 46, Кичево – 41, Велес – 39, Струмица – 33, Гевгелија – 30, Неготино – 29, Штип – 28, Струга – 23, Свети Николе и Делчево – по 19, Радовиш – 17, Берово – 14, Виница – 13, Ресен – 10, Крива Паланка и Валандово – по 9, Богданци и Македонски Брод – по 7, Крушево – 6, Кочани – 5, Дебар, Пробиштип и Македонска Каменица – по 4, Дојран – 3, Демир Хисар и Демир Капија – по 2 и 1 во Пехчево.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 289.797, бројот на оздравени пациенти е 272.184, на починати е 8.829, а бројот на активни случаи изнесува 8.784“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.855.720 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.702 тестови.