Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 17 часот и 30 минути, во село Топлица, гостиварско, го лишиле од слобода 59-годишниот Б.Е.од гостиварското село Ѓурѓевиште, откако тој претходно го нападна 23-годишниот новинар Неври Адеми, а во раката имал секира со која му се заканувал.
Како што информира МВР, приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.
Здружението на новинарите на Макединија (ЗНМ) ја поздравува брзата реакција на МВР, откако вчера алармираше дека новинарот Адеми и снимателот Збулим Максути околу 14 часот вербално а потоа и физички беа нападнати од лице.
„Заштитата на новинарите и нивната безбедност е предуслов за информирање на граѓаните, посебно во мали средини, со цел да постои поглема присутност на теми кои се од локален јавен интерес“, соопштува ЗНМ.