Екстремните временските услови уште од сега се смртоносни, но со климатските промени ќе станат многу полоши. Веројатно ќе го направат светот погладен, посиромашен, поболен, помрачен и многу поопасен во следните 18 години со „неизбежно“ зголемување на ризиците, се вели во новиот научен извештај на Обединетите нации (ОН).
Во Извештајот на Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени стои дека кумулативните научни докази се недвосмислени: климатските промени се закана за човековата благосостојба и планетарното здравје.
„Денешните деца кои можеби се’ уште ќе бидат живи во 2100 година – ќе доживеат четири пати повеќе климатски екстреми отколку сега, дури и со само уште неколку десетини од степенот на затоплување поради денешната топлина. Но, доколку температурите се зголемат за речиси 2 степени Целзиусови од сега (3,4 степени Целзиусови), тие би почувствувале пет пати повеќе од поплавите, бурите, сушата и топлотните бранови“, велат научниците.
Секојдневниот живот на најмалку 3,3 милијарди луѓе е „многу ранлив на климатските промени“ и 15 пати поголеми шанси да умрат од екстремни временски услови, се вели во извештајот. Голем број луѓе се раселени поради влошените временски екстреми. А, сиромашните во светот се најтешко погодени.
Понатаму, стои дека се’ повеќе луѓе ќе умираат секоја година од топлотни бранови, болести, екстремни временски услови, загадување на воздухот и глад поради глобалното затоплување. Колку луѓе ќе умрат зависи од тоа колку гас што ја заробува топлината од согорувањето на јаглен, нафта и природен гас се исфрла во воздухот и како светот се прилагодува на сè пожешкиот свет.
Со секоја десетина степен на затоплување, многу повеќе луѓе умираат од топлотен стрес, проблеми со срцето и белите дробови од топлина и загадување на воздухот, заразни болести, болести од комарци и глад.
Извештајот наведува сè поголеми опасности за луѓето, растенијата, животните, екосистемите и економиите, со луѓе изложени на ризик од милиони и милијарди и потенцијални штети во трилиони долари. Извештајот нагласува дека луѓето се раселени од домовите, местата кои стануваат непогодни за живеење, бројот на видови се намалува, коралите исчезнуваат, мразот се намалува и се повеќе има „кисели“ океани, осиромашени од кислород.
Некои од овие ризици сè уште може да се спречат или намалат со навремена акција.
„Денешниот извештај е атлас на човечкото страдање и проклето обвинение против неуспешното раководство за климата“, рече во изјавата генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. „Овој извештај открива како луѓето и планетата се обземени од климатските промени“.
Панелот од повеќе од 200 научници објавува серија од овие масивни извештаи на секои пет до седум години, при што овој, вториот од серијата, е посветен на тоа како климатските промени влијаат на луѓето и на планетата. Минатиот август, научниот панел објави извештај за најновата климатска наука и проекции за идно затоплување, означени како „црвена шифра“ од Обединетите нации.