Куршумли ан е прогласен за културно наследство од особено значење, одлучи Владата на денешната седница.
Оттаму соопштија дека со оваа одлука, на предлог на Управата за заштита на културното наследство се овозможува трајно зачувување на анот во изворна состојба, како и ширење на вредностите и неговото значење.
Куршумли ан е поранешен ан во Старата скопска чаршија од османлиско време, кој денес се користи за одржување на културни настани.