Со наслов „One wo/man comedy show“ во Социјалниот центар Дуња, на 10 март, четврток, ќе се одржи актерскиот перформанс на Надица Петрова.
Настанот е организиран од Театар „Златен Елец“, а ќе започне во 20 часот.
Перформансот е авторски проект на Петрова, кој се реализира од самостојна поддршка.
„Тоа претставува комично едночасовно шоу за едно патешествие на една актерка која творејќи во оваа (не)држава се соочува со декаденцијата на општеството“, го објаснува перформансот Петрова.