Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија преку соопштение до јавноста алармира дека веќе трет ден 66 ученици кои живеат во Конче немаат превоз до Средното општинско училиште „Коста Сусинов“ во Радовиш.
Од Сојузот посочуваат дека проблемот се провлекува подолго време поради пропусти на претходните локални власти во општините Радовиш и Конче, поради кои превозниците на учениците на линијата Конче-Радовиш-Конче ги изгубиле лиценците откако им истекол рокот.
Учениците со сличен проблем се соочувале и на почетокот на ноември, како и на почетокот на второто полугодие, но откако од Сојузот разговарале со градоначалникот на Општина Конче проблемот бил надминат и средношколците не изгубиле од наставата.
„Меѓутоа, законската обврска да организира превоз на ученици припаѓа на Општина Радовиш бидејќи СОУ „Коста Сусинов“ се наоѓа во Радовиш, а не во Конче. Член 41-а став 1 од Законот за средното образование гласи: „За ученикот кој е со статус на редовен ученик во јавно средно училиште се организира бесплатен превоз до училиштето, ако ученикот не се смести во ученички дом“. Сојузот разговараше и со градоначалникот на Општина Радовиш и со претставници на училиштето. Ние знаеме дека се прават напори час поскоро да се организира бесплатен превоз за средношколците и дека се соочуваат со административни и процедурални пречки. Нo, не смее да се дозволи 66 средношколци да изгубат цела наставна недела поради администрација или нечија претходна грешка. Највисокиот правен акт на нашата земја, Уставот, е јасен: „Секој има право на образование. Образованието е достапно на секого под еднакви услови. Основното образование е задолжително и бесплатно“ (Член 44). Затоа, ги повикуваме институциите да ја испочитуваат својата уставна и законска обврска и итно да го решат прашањето на превозот“, соопштија од Сојузот на средношколци.
Оттаму додаваат дека се подготвени да учествуваат во забрзување на потребните средби меѓу двете општини, училиштето и министерствата за образование и наука, локална самоуправа и транспорт и врски со цел да се надмине проблемот со кој се соочуваат учениците од „Коста Сусинов“.
Имајќи ја предвид сложеноста на проблемот, Сојузот на средношколци е подготвен да фасилитира потребни средби меѓу двете општини, училиштето и министерствата за образование и наука, за локална самоуправа и за транспорт и врски