Дарко Стојоски е индустриски дизајнер по струка, но поголемиот дел од својата кариера работи како графички дизајнер и илустратор.
Од неодамна е графички дизајнер во Cylindo, компанија за 3Д визуелизација на продукти, а навечер е гитарист во неколку состави.
„Кога изработувам илустрации за мене лично и за споделување на мојот профил, можам да кажам дека сум многу нетрпелив: сакам со што е можно помалку потези да отсликам приказна и тоа ми е секојдневната борба со себе“, вели тој за Радио МОФ.
Музиката е честа инспирација за овој артист, со желба да го отслика звукот.
„Музиката и илустрацијата одат паралелно во моето творештво. Авторскиот проект Filch во кој што учествувам е токму таков аудио-визуелен пример, во кој што сум автор на визуелниот концепт и голем дел од илустрациите“, вели Стојоски за Радио МОФ.
Покрај ова, влијание на неговиот стил имаат и различни уметничко-културолошки правци, од pin-up, стрип цртачи до art deco. Од локалните илустратори, пак, ги истакнува делата на Вања Шереметковски и Михаил Наумов.
Стојоски е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram