Здружението Лидери за едукација, активизам и развој отвори повик за средношколци кои би учествувале во програмата UpShift за социјални иновации. Таа се базира на решавање на потребите на средните училишта и локалната заедница во делот на климатските промени и зелената одржливост.
Преку програмата учениците ќе имаат можност да стекнат: Вештини и компетенции за социјални иновации, практична примена на вештините во реализација на социјална иницијатива и посилна врска и одговорност кон локалната заедница.
„Преку Design Thinking методологијата 10 избрани финалисти ќе развијат решенија врз основа на проблемите/предизвиците на 3 дневен настан со помош на назначени ментори. На самиот настан се презентираат сите решенија и се избираат 5 победнички решенија кои се наградени со 120000 денари за имплементација на решението“, стои во повикот.