Eddie Richards во Капан ан вечерва

Познатиот лондонски диџеј-ветеран и пионер на електронската музика, „Evil“ Eddie Richards , по пауза од десет години повторно доаѓа во Скопје, а ќе настапи вечерва во клубот „Kапан aн“.

Настанот е во организација на издавачката куќа „ПМГ рекордингс“ и „Дроп сериес“, а како загревање пред британската ѕвезда ќе настапат домашните диџеи Мирко Попов и Алекс Есид.

Инаку, Ричардс, познат како „британскиот кум на хаусот“, го популаризира овој правец во средината на 80-тите години од минатиот век. Во тој период, диџејот настапувал во лондонскиот клуб „Kамден палас“, кој неделникот „Рекорд мирор“ своевремено го прогласи за најдобар клуб на светот.

Во јуни 1990 година, Ричардс ја основа диџејската агенција Dynamix, по што поголем дел од своето време го посветува на музичка продукција, објавување изданија и соработка со други издавачки куќи од Британија, Европа и од САД.