Американскиот бенд „A place to bury strangers“ вечерва по трети пат ќе настапи во Младинскиот културен центар.
Бендот во рамките на европската турнеја го промовираат својот нов албум „See Through You“.
Поддршка на „A place to bury strangers“ ќе биде меѓународната четворка „Plattenbau“ која доаѓа од Берлин.
Според саатницата споделена од организаторите, посетителите треба да бидат присутни во 20 часот, кога ќе се отворат и вратите за настанот. „Plattenbau“ ќе започнат во 21 часот, додека „A place to bury strangera“ ќе започнат во 22 часот.