Дури третина од студентите почувствувале дискриминација на своја кожа, а скоро 7% од идните академски граѓани пријавиле дискриминација на нивниот факултет. Поразително е и тоа што само 8% од студентите знаат дека на факултетите има постапка за пријавување дискриминација.
Ова се податоци од истражувањето на МОФ за студентската перцепција на дискриминација, во кое беа анкетирани студенти од четирите најголеми државни универзитети.
За тоа колку дискриминацијата е присутна во високото образование и како студентите реагираат на оваа појава во новата епизода на „Јасно и Гласно“ дискутираме со: Софија Георгиевска, професорка на Филозофскиот факултет при УКИМ и авторка на истражувањето, Теа Мицевска, студентска правобранителка на УКИМ и Елена Петровска, од Мрежата за заштита од дискриминација.
Даниел Евросимоски