Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика граѓаните низ целиот свет да излезат на улиците „во име на мирот“ и да организираат глобални протести против „руската крвава војна“ еден месец по почетокот на инвазијата врз Украина.
Неговиот апел доаѓа во момент кога светските лидери се подготвуваат да одржат повеќе итни самити во Европа на кои се очекува да го зајакнат притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин да стави крај на војната.
Во вечерно телевизиско обраќање, од празните улици на Киев, Зеленски на англиски зборуваше дека Украина чека на значајни чекори од трите собири на НАТО, Европската Унија и Европскиот совет. Дополнително тој повторно повика да се разгледаат барањата од украина за прогласување на зона без летови врз земјата, достава на авиони и тенкови.
„Нашата позиција ќе биде повторно нагласена на овие три самити. Таму ќе видиме кој е наш пријател, кој е наш партнер, а кој не има издадено за пари“, рече Зеленски.
.@ZelenskyyUa: The war of #Russia is not only the war against #Ukraine.🇷🇺started the war against freedom as it is.
That’s why I ask you to stand against the war! Starting from March 24 – exactly one month after the Russian invasion
All as one together who want to stop the war! pic.twitter.com/BUyqY3DJ37
— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) March 23, 2022
„Светот мора да ја сопре војната. Излезете од вашите канцеларии, вашите домови, вашите училишта и универзитети, соберете се во име на мирот, соберете се со украински симболи во поддршка на Украина, во поддршка на слободата, во поддршка на животот“, додаде Зеленски повикувајќи на масовни протести низ светот.
Денеска во Брисел американскиот претседател Џо Бајден ќе учествува на трите самити на кои ќе се повика за обезбедување дополнително оружје за Украина, нови построги санкции за Русија и предупредувањата за дополнителна ескалација на војната.
Еден месец по почетокот на инвазијата Украина има претрпено катастрофални штети во која загинаа илјадници граѓани, а милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови.