Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починало едно лице од Скопје на 86 години.
„Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 5 починати лица, од: Скопје (1), Гостивар (1), Куманово (1), Тетово (1) и Битола (1), на возраст од 66 години до 87 години. Од пријавените починати лица, 3 лица се починати во домашни услови, а 2 лица во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 25.02.2022 год. до 22.03.2022 год.“, се вели во соопштението на МЗ.
Од вкупниот број починати лица – 6, кај 5 лица се регистрирани коморбидитети.
Во последните 24 часа потврдени се 322 нови случаи на Ковид-19. Регистрирани се 178 случаи во Скопје, Битола – 31, Кавадарци – 19, Велес – 17, Куманово – 12, Прилеп – 11, Струмица и Кочани – по 9, Делчево – 8, Охрид и Кичево – по 6, Гевгелија и Ресен – по 3, Неготино, Радовиш, Берово и Богданци – по 2 и по 1 во Валандово и Пехчево.
Од вкупниот број позитивни – 322, регистрирани се 42 реинфекции.
Регистрирани сe 308 оздравени пациенти, односно од Скопје – 191, Охрид – 22, Битола – 21, Прилеп – 19, Куманово – 12, Кавадарци – 11, Струмица и Штип – по 4, Гевгелија, Гостивар и Струга – по 3, Велес, Кичево, Радовиш и Богданци – по 2 и по 1 од Неготино, Валандово, Крива Паланка, Дебар, Кратово, Крушево и Демир Капија.
„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 304.648, бројот на оздравени пациенти е 293.479, на починати е 9.197, а бројот на активни случаи изнесува 1.972“, стои во соопштението на МЗ.
Досега во земјава се направени вкупно 1.948.834 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие направени се 2.246 тестови.