Наменет за млади уметници, фестивалот „Три дена култура“ оваа година по четврти пат ќе се одржи во скопската гимназија „Никола Карев“, на 14, 15 и 16 април.
Првиот ден од фестивалот, 14 април, е наменет за прикажување на краткометражни филмови. Секој средношколец или студент кој има свој авторски краткометражен филм, може да се пријави преку пополнување на апликацијата за учество.
„Секој автор може да испрати по еден филм кој не трае подолго од 20 минути. Филмовите можат да бидат во кој било жанр, а за официјалната селекција ќе бидат избрани најдобрите филмови“, напоменуваат организаторите.
Вториот ден од фестивалот, 15 април, е наменет за театар и перформанс. Секој средношколец или студент може да се пријави со своја театарска претстава, танцова точка или кој било друг вид на перформанс преку пополнување на апликацијата за учество.
„Претставите кои ќе се пријавуваат, треба да се со времетраење од 5 до 20 минути. Тие можат да бидат извадоци од драми, монолози, дијалози, физички театар и слично. Танцовите групи ќе имаат можност да се претстават со максимум 5 минутно дело“, велат од „Три дена култура“.
Во рамки на младинскиот фестивал за првпат се отвора и литературен средношколски конкурс на тема „Со секој свој здив создавам уметност“, а заинтересираните со својата проза и поезија можат да се пријават за учество преку пополнување на апликацијата за учество.
Последниот ден од мултимедијалниот фелстивал е наменет за музика, изложба и литература. Секој средношколец или студент музичар, солист може да ги пријави своите дела преку апликацијата за учество.
„Може да се учествува со една композиција, вокал или во изведба со инструмент, а времетрањето на настапот не треба да биде подолг од 5 минути. Бендовите може да учествуваат со три песни, а целиот настап треба да биде со времетраење од 20 минути. Песните кои ќе се свират, можат да бидат авторски, преработки или препеви, во кој било жанр – рок, поп, џез, електронска, рап, панк, но задолжително е една од песните да биде преработка на македонска песна“, истакнуваат организаторите.
Бендовите кои сакаат да свират на третиот ден од „Три дена култура 4“ може да се пријават тука.
Од „Три дена култура“ објаснуваат дека фестивалот е за сите млади уметници кои имаат што да кажат, а крајниот рок за
„Три дена култура 4“ е фестивал за млади уметници кои имаат што да кажат и што да претстават, со можност својот креативен за пријавување на сите три дена е 31 март 2022, освен за изложбата чиј рок за пријавување е до 12 април. На фестивалот право на пријавување имаат сите средношколци и студенти на цела територија на државата и пошироко.