По долгогодишна потрага по изгубеното богатство на Стив Џобс, тимот на каналот „Нешнл џеографик“ успеа да открие каде се наоѓа „временската капсула“, која пред 20 години ја закопал основачот на компанијата „Епл“
Оваа временска капсула требаше да биде откопана уште пред 10 години, но проблемот настана кога сите инволвирани во нејзиното закуопување едноставно заборавиле каде ја оставиле.
Капсулата соодржи многу нешта, од шест конзерви пиво, како награда за пронаоѓачите на капсулата, до компјутерско глувче, кое тогаш Епл го направил.
Сите работи во капсулата ќе бидат доделени на Историското друштво во Аспен, а епизодата со ископување на временската капсула ќе биде емитувана во емисијата „Копачи“.