Бендот „Стој, после“ ќе го промовира својот прв албум насловен „Умре ти, се родив јас“ на 6 април, среда, во Планетариумот во Младинскиот културен центар.
Со почеток во 20 часот, во планетариумот, бендот ве повикува на „слушање музика и гледање ѕвезди“.
„Влезот е бесплатен, а поради придржување кон ковид протоколите, влезот е ограничен на триесеттина посетители“, велат организаторите.
Сите заинтересирани, треба претходно да го подигнат својот бесплатен билет од билетарата на МКЦ.
Постерот за настанот е изработен од Ангела Грозданов.