Во Кривичниот суд во Скопје на обвинителна клупа денеска повторно седна Мариглен Демири. Тој е обвинет за кривичното дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ за демолирањето на канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во 2015 година за време на Шарената револуција.
Случајот кој се води речиси 6 години, на 15 април ќе застари, а судијката го закажа наредното рочиште за 19 април, кога случајот и фактички ќе биде застарен.
Демири за Радио МОФ вели дека со тоа ќе „исвири и каденцата“ од, како што вели „ова шестгодишно гњавење“.
„Казната од ова судење е веќе извршена, а тоа е самото судење со долготрајноста и безизлезноста од овој случај“, изјави накратко Демири за Радио МОФ.
Судскиот процес против Демири е и последен од низата за демолирањето на канцеларијата на Иванов.
На 18 март условна затворска казна од 6 месеци добија Здравко Савески и Владимир Куновски за истото кривично дело.
Покрај пресудата за Савески и Куновски, условни затворски казни на 20 мај, 2016 година добија и Никола Аризанов и Филип Наковски откако ја признаа вината за учество во толпа. Истата казна ја доби и Борјан Ефтимов откако исто така призна вина за кривичното дело.
Условна затворска казна од 6 месеци за Куновски и Савески за демолирањето на канцеларијата на Иванов
Мартин Колоски