Музичкиот настан „Cold Chords“, кој ќе се одржи на 15 април во Младинскиот културен центар, пред публиката ќе донесе „сериозен лајн-ап и квалитет од светската прогресив сцена“, велат организаторите.
Со почеток во 21 часот, во МКЦ ќе настапат „Талпа“, „Egorythmia“ и Вања (Transforma).
„Гостинот од Србија, Талпа, е на самиот врв на транс сцената веќе некое време, како и Бобан (Егоритмија) и бидејќи се неизбежени гости на сите релевантни светски фестивали, стануваат блиски пријатели. Тие за прв пат заедно ќе настапат пред македонската публика, што дополнително го прави уникатен овој настан“, велат од МКЦ.
Вања (Transforma) е активно вклучен во лектронската сцена од 1995 и како промотер, правејќи сопствени забави под неколку имиња од кои најзначајно до сега е „Transforma“. Тој е диџеј и продуцент.
Цената на билетите е 500 денари, а достапни се на билетарата во МКЦ и онлајн.