На Фејсбук страната „Студентска музичка пролет“ утре, на 19 април, ќе се одржи онлајн предавање насловено „Адорно и субверзијата во музиката“.
Предавањето ќе започне во 15 и 30 часот, а Мариглен Демири ќе се обиде да го одговори прашањето „Колкав простор за политичка субверзија нуди новата музика“, со осврт кон врската помеѓу атоналната анархичност, политиката на распадот и филозофскиот пристап на Адорно.
Модератор на предавањето ќе биде Мира Беќар.
Предавањето ќе го отвори прашањето за музичкиот прогрес и влијанието на музиката, особено атоналноста, врз општествениот реалитет.