Квалитетно образование, социјална кохезија и зелено опоравување се најважните аспекти кои беа идентификувани со цел да се создадат нови можности и да им се подобри квалитетот на живот на луѓето во Северна Македонија, покажува второто издание на Мултидимензионалниот извештај за Западен Балкан на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), кој денес беше претставен во Скопје.
Иако во извештајот се истакнува напредокот на земјава во обезбедување целосно учество во основното задолжително образование, намалување на екстремната сиромаштија во периодот од 1995 до 2020 година со зголемување на приходот по глава на жител од 2.900 на 5.100 долари, како и законската рамка за енергетска транзиција, сепак од ОЕЦД велат дека се` уште загрижуваат длабоко вкоренетите социјални предизвици и оние поврзани со животната средина.
„Стапката на запишани ученици и студенти во средно и високо образование е ниска. Академски постигнувања на овие ученици и студенти во Програмата на ОЕЦД за меѓународно оценување на студенти (ПИСА) се оценети на ниско ниво во смисла на освоени бодови на тестови, а во земјата, исто така постојат големи разлики во постигнатите резултати на локално ниво. Стапките на вработеност продолжуваат да бидат под просекот на ОЕЦД, а многу од невработените долго време остануваат невработени, што доведува до дополнително губење на стекнатите вештини, што пак создава голем притисок врз системот за социјална заштита. Високиот интензитет на емисии на јаглерод во комбинација со ниското ниво на енергетска ефикасност доведува до значително загадување на воздухот и големи емисии на стакленички гасови во С. Македонија“, се наведува во извештајот.
Мултидимензионалниот извештај за З. Балкан предлага приоритети како С. Македонија да ги унапреди своите изгледи за развој.
„Унапредувањето на клучните компетенции кај учениците и студентите, како и кај возрасните граѓани е битен фактор за создавање можности за граѓаните. С. Македонија мора да ги унапреди програмите за стручно образование и обука преку формирање на големи регионални центри за стручно образование и обука каде што на учениците и студентите ќе им обезбеди повеќе техничка опрема. За ова е потребна широка поддршка и соработка, особено меѓу општините и приватниот сектор со цел да се постигне поврзување со приватниот сектор. Со цел понатаму да се зголеми и да се подобри квалитетот на работната сила, важно е, на сите нивоа на образованието, да се зголеми бројот на иницијативи чии целни групи се ученици од ранливи семејства и студенти, малцинства и оние што потекнуваат од рурални средини“, велат од ОЕЦД.
Во извештајот се предлагаат и приоритети како С. Македонија да ги унапреди своите изгледи за развој.
- Унапредувањето на клучните компетенции кај учениците и студентите, како и кај возрасните граѓани е битен фактор за создавање можности за граѓаните. С. Македонија мора да ги унапреди програмите за стручно образование и обука преку формирање на големи регионални центри за стручно образование и обука каде што на учениците и студентите ќе им обезбеди повеќе техничка опрема. За ова е потребна широка поддршка и соработка, особено меѓу општините и приватниот сектор со цел да се постигне поврзување со приватниот сектор. Со цел понатаму да се зголеми и да се подобри квалитетот на работната сила, важно е, на сите нивоа на образованието, да се зголеми бројот на иницијативи чии целни групи се ученици од ранливи семејства и студенти, малцинства и оние што потекнуваат од рурални средини.
- Со цел да се унапреди социјалната кохезија, политиките за унапредување на растот мораат да се спроведуваат во комбинација со цврсти политики за активен пазар на труд кои што ќе стимулираат учество на голем број од невработените и ранливи категории на граѓани. Во исто време, С. Македонија треба да продолжи да ги јакне ново-воведените реформи за социјална заштита, како што е примерот со воведување на гарантирана минимална социјална помош, и да ги реши останатите прашања поврзани со адекватноста и опфатот со овој вид помош. Пренасочувањето кон социјални услуги што се интегрирани во заедницата, кои што ќе се обезбедуваат локално, може да создаде можност за лицата со социјални потреби да се интегрираат во општеството и на пазарот на труд.
- Конечно, почист воздух и поголема достапност на одржлива енергија се два клучни елементи за подобрување на квалитетот на живот во С. Македонија и со цел земјата да стане попривлечно место за живеење, работа и инвестиции. Извештајот на Центарот за развој на ОЕЦД ги анализира начините како С. Македонија ќе може да ја спроведува законската рамка и стратешки документи поврзани со климата и животната средина, кои што, традиционално, беа предизвик за земјава. Со цел да се зголемат инвестициите во обновливи извори на енергија, С. Македонија мора да зголеми стапката на искористеност на механизмите за поддршка на пазарот, да ги елиминира преостанатите субвенции за користењето на јаглен и да ги зголеми акцизите на горивата.
Мултидимензионалниот извештај за З. Балкан содржи оценки за петте економии во регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија и Србија.