Во малата сала на Центарот за Култура – Битола, оваа среда (25 септември) ќе биде прикажан грчкиот документарен филм CATASTROIKA снимен во 2012 година.
Овој филм ја обработува мошне актуелната тема на економската криза која силно ја погоди Грција и директно се надоврзува на приватизацијата на клучните гранки од јавниот сектор преку компарации со другите европски земји. Во филмот учествуваат видни интелектуалци и економисти кои даваат своја перспектива на настаните.
Гости на оваа проекција ќе бидат дебатерите од МОФ (Младински Образовен Форум) кои ќе презентираат вистинска британска парламентарна дебата на темата: Приватизација на клучни индустрии во државна сопственост(предности/бенефиции и слабости/штети врз државната економија).
Почетокот на проекцијата е во 20 часот, а влезот е слободен.