Едно од најголемите имиња на електронската „дарк вејв“ сцена, култните „Бој Харшер“ („Boy Harsher“), доаѓаат во Скопје.
„На 14 мај во Младинскиот културен центар од 22 часот, ќе бидеме сведоци на концерт кој ќе донесе сурова енергија, моќни индустриски призвуци и интимни лирики. Концертите на американскиот врвен електронски бенд (Boy Harsher“) ги нарекуваат спектакли кои не смеат да се пропуштат, затоа што не носат напред во времето…“, соопштува организаторот ROTKO Books & Music.
Оваа вечер ќе настапи и пост-индустрискиот музички проект базиран во Чикаго, САД – „Hide“. Парот создава композиции-аудио колажи, користејќи комбинација од сопствени теренски снимки и аудио референци од поп-културата.
Официјалниот афтерпарти на овој настан ќе се оддржи во клубот „Минус еден“ со диџеј сетови на Martchin и Andreas Hz од колективот BTKRSH.
Bилетите се достапни во билетарницата на МКЦ и на следниот линк: https://bileti.mkc.mk/index.php?id=1023.