Комисијата за заразни болести (КЗБ) на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица, информираат оттаму.
Истовремено, Комисијата апелираше до граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца. Дополнително, тие потсетија дека и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението.
Оттаму и посочија дека на дневна основа ја следат состојбата со коронавирусот и најавија дека доколку има потреба, ќе бидат препорачани нови мерки.
Заклучно со вчерашниот ден, бројот на активни случаи во земјава изнесува 561. Вкупниот број на ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 309.229 лица, бројот на оздравени пациенти е 299.391 лице, а починале 9.277 лица.