Со музички концерт и вкусна закуска, денес беше отворен „Етно-клуб“ при Институтот за етнологија и антропологија во рамки на Природно-математичкиот факултет (ПМФ).
Клубот се наоѓа во паркот пред долната зграда на ПМФ, во близина на Ботаничката градина, помеѓу зеленило и верверички, а замислен е како место за дружба, работилници и предавања.
Етно клубот е реализиран со донации од поединци, како резултат на долгогодишна потреба и желба за ваков простор и од студентите и од вработените.
За да се постигне одржливост на клубот и докупување на потребна опрема, на отварањето беше организирана донаторска акција, на која беа претставени ракотворби, достапни со донирање пари во поставени касички.
View this post on Instagram
Студентски „Етно клуб“ – место за дружба, работилници и предавања во паркот пред ПМФ