„Анима мунди“ бара итна постапка поради колење јагниња во делчевска градинка

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ реагира поради случај на колење на јагниња во делчевска градинка.

Оттаму информираат дека случајот е регистриран во градинката „Весели цветови“ во Делчево, притоа додавајќи дека откако колењето на јагниња е прифатливо, ништо не може да ги изненади во „недојдија“.

„Вработените од градинката Весели Цветови во Делчево, оние што треба да ги научат најмалите на љубов и емпатија ги изложуваат на немилосрден чин и ова го нема во ниту едно нормално и развиено општество“, велат од Здружението.

Од „Анима мунди“ бараат итно постапување на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП), бидејќи како што велат тие, ова е случај со мачење на животни, траумирање на деца и нормализирање на чин на колење што не доликува на вработени во воспитно образовна институција.


*Фотографиите се испратени од „Анима мунди“, додека Радио МОФ ги замагли лицата на фотографираните.