Феминистички марш се одржа вчеравечер во Берлин по повод 1 Мај, но и Валпургиската ноќ, а група од околу 2.500 лица ги започнале и првомајските демонстрации под мотото „Преземи ја ноќта“.
Гардијан пренесува дека демострацијата била генерално мирна, а се марширало под идејата за „преземање на ноќта“ од жените, лезбејките, интерсекс и транс лицата.
Маршот се одржал во Берлин со силно полициско обезбедување, а полицијата интервенирала откако дел од учесниците запалиле пиротехника и биле фрлени неколку шишиња.
Подоцна во вечерта, учесници кои наводно дејствувале одделно од организаторите фрлиле боја на неколку излози, а дел од излозите биле и искршени.
Уапсени биле три лица поради прекршување на мирот, насилен напад и криминална штета, изјавила портпаролката на полицијата Ања Диршке.
Валпургиска ноќ е настан од германскиот фолклор каде вештерките се веселат со ѓаволот, а според народните преданија, ваквата средба се случува во северноцентралниот дел во Германија.
Десетици илјади протестирачи се собрале ширум земјата, протестирајќи за бројни проблематики во Германија, со фокус на војната во Украина, инфлацијата, работничките права и државниот план за голема инвестиција во германската армија.